Connect with us

Други спортови

Спортската слика на денот доаѓа од Берлин: Украинка повредена, Русинка трча да и помогне (ВИДЕО))

На трева во првото коло на ВТА турнирот во Берлин се сретнаа Анџелина Калинина од Украина и Дарија Касаткина од Русија.

Сите знаеме што се случува во Украина веќе четири месеци, но непријателството меѓу таа земја и Русија не е изразено меѓу спортистите.

Секако, руската тенисерка Касаткина нема никаква врска со нападот на војската на Владимир Путин врз Украина, а за тоа била свесен и нејзината противничка од Украина Калинин.

Касаткина победи со 5:7, 6:3. 6:1, а во еден момент руската тенисерка истрча да види дали нејзината противничка е добро откако падна на тревата. Калинина имала болен израз, веднаш ја фатила за десната нога, а на помош и пришла Касаткина.

Касаткина потоа и донесе на противничката вреќа мраз за да и ја стави на ногата. Публиката собрана на трибините убавиот гест на Русинката го награди со громогласен аплауз. Целата ситуација можете да ја погледнете во видеото подолу.

Украинката беше одлична во првиот сет и победи со 7:5, но по болната повреда одигра многу послабо, па Касаткина успеа да направи пресврт и да ја прослави победата.

Реклама

Facebook