Connect with us

Фудбал

Спортскиот директор на Барселона ја доби првата „битка“ со Лионел Меси

Ерик Абидал нема да добие отказ. Тој ќе ја задржи функцијата спортски директор, а како доказ за тоа е дека заедно со првиот човек Жозеп Бартомеу ќе патува на гостувањето кај Атлетик Билбао во рамките од Купот.

Шпанскиот весник „Марка“ ја објави веста, повикувајќи се на свои извори. Бартомеу и Абидал имале итен состанок попладнево, а причина била отворената караница и тоа преку медиумите помеѓу спортскиот директор и Лионел Меси.

Но, се чини дека влијанието на Меси полека опаѓа, па Абидал ја доби првата „битка“. Спортскиот директор критикуваше дел од играчите и ги обвини дека со нивниот однос и незалагање практично се виновници за раскинатиот договор со екс тренерот Ернесто Валверде.

На, ова Меси возврати, застанувајќи во одбрана на своите соиграчи. Како ќе заврши ова отворена „војна“. Останува да се види.