Фудбал
Спортскиот директор на Јувентус ги реши дилемите, дали Сари и Роналдо остануваат?!
Во Италија во изминатиот период се појавија бројни шпекулации дека по завршувањето на оваа сезона тренерот Маурицио Сари, но и Кристијано Роналдо ќе заминат од Јувентус. Сепак, пред синоќешното дерби со Лацио, спортскиот директор Паратици ги реши сите дилеми.
-Овие приказни се само во медиумите. Тука сум десет години и на врвот на табелата сме практично девет години. Освојувавме трофеји со Макс Алегри пет години и секогаш по некое реми, дури и победа, се зборуваше за некакви промени. Без никакви дилеми, Сари ќе биде тренер и следната сезона, вели спортскиот директор кој додава:
-Кристијано е убеден дека ќе остане во Јувентус. Кога е во прашање Дибала, разговарав со неговите претставници за продолжувањена соработката, тој е важен играч и може многу да ни понуди во иднина, вели Паратици.