Други спортови
“Спремете камион пари и растоварете го на моја сметка!”
Светскиот шампион на WBC во тешка категорија Тајсон Фјури планира да го потпише најголемиот договор во историјата на боксот.
Неговиот сегашен договор со Топ Ранк, кој вреди 80 милиони фунти, ќе истече наскоро. После следните две борби, „Циганскиот крал“ сака уште поголем договор, всушност дури и рекорден.
“Сакам да го продолжам договорот, а не само да го испочитувам и да заминам. Спремете камион полн со пари и растоварете го на мојата сметка”, рече Фјурир, додавајќи:
„Сакам нов голем договор и да рушам рекорди. Знам дека овие компании можат да го постигнат тоа и знам дека мојот договор може да биде поголем од оној на Мејведер, Тајсон, Алварез …“, беше јасен Фјури.
Тој потпиша договор од пет натпревари со Топ Ранк во февруари минатата година. Патем, носител на рекорд е Алаварез со 365 милиони долари.