Тајмаут
Срамежливата Георгина: Ми беше непријатно пред Кристијано (ВИДЕО)
Георгина Родригез се здоби со светска слава поради фактот дека таа е животен придружник на Кристијано Роналдо.
Атрактивната Шпанка сега привлекува огромно внимание, а во последно време мажите ширум светот воздивнуваат од нејзините фотографии на Инстаграм.
Георгина често се снима додека вежба дома. Таа исто така доби совети од Кристијано, и откри дека многу и непријатно тренирањето со еден од најдобрите спортисти во светот.
“На почетокот бев многу срамежлива. Замислете да вежбам во ист простор со Кристијано. Порано вежбав додека тој беше на тренинг и сега можевме да поминеме повеќе време заедно”, рече таа и продолжи:
“По првичниот срам, сега уживам да вежбам со него. Тој стана мојата најголема мотивација и инспирација. Тој е неверојатен спортист и неверојатно е колку е фокусиран. Несомнено е дека тој е посветен и подобар од мене, но тоа не треба да се споредува, тој сепак е професионалец. Имам најдобар учител дома и кога станува збор за фитнес, има огромна разлика “, истакна Гео.
Сепак, таа се навикна на сè многу брзо, а снимките од нејзините вежби го обиколија светот.