Connect with us

Фудбал

Срамна статистика на Левандовски, друштво му прават Фиго, Лампард, Недвед, Ибрахимовиќ …

Еден од најдобрите напаѓачи во изминатата деценија, Роберт Левандовски, никогаш не постигнал гол на Светските првенства, но не е единствениот мајстор на кој му недостасува гол во ова најважно репрезентативно натпреварување.

Левандовски сепак настапи само еднаш на Светското првенство во 2018 година, кога Полска беше елиминирана во групната фаза, а одличниот голгетер на Баерн не успеа да затресе ниту една мрежа на ривалите.

Полјакот за неколку месеци ќе има добра можност да ја подобри оваа неславна статистика во Катар.

Има многу големи играчи кои низ историјата не успеале да најдат начин да постигнат гол на Светското првенство. Во таа група се и некои големи мајстори како Златан Ибрахимовиќ, Френк Лампард, Луис Фиго, Павел Недвед.

Недвед, како и Левандовски, одигра само три меча на Мундијалот, а Ибрахимовиќ и Фиго сепак имаа повеќе шанси бидејќи играа на две Светски првенства, но не успеаја да постигнат ниту еден гол.

Лампард, сега тренер на Евертон, и голема легенда на Челзи и на англиската репрезентација, никогаш не бил стрелец на Светските првенства, а настапувал на дури четири светски првенства.

За разлика од наведените легенди, Мирослав Клосе на Мундијалот успеа да постигне дури 16 гола во дресот на Германија.