Connect with us

Други спортови

Србија доби закани со строги санкции

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и се закани на Србија со забрана за организирање големи натпреварувања.

Србија е предупредена дека во иднина може да остане без организација на големи натпреварувања, откако на боксерите од Косово им беше забрането учество на Светското првенство во Белград што се одржа во октомври и ноември.

Боксерите од Косово од политички причини останаа без учество на Мундијалот. Три пати натпреварувачи од оваа земја се обиделе да влезат на територијата на Србија, но им бил забранет влез поради веќе познати политички конфликти.

Светската боксерска федерација и Меѓународниот олимписки комитет силно го критикуваа овој потег и најавија можност за санкции против Србија, која во иднина би можела да остане без организација на големи натпреварувања доколку им забранат влез на косовските спортисти во земјата.

Меѓу предупредените земји е и Малезија, која на сквош репрезентацијата на Израел и забрани влез во земјата за Светското првенство.

Малезија нема дипломатски односи со Израел, на граѓаните на оваа земја им е забранет влез во оваа земја, па репрезентативците од сквош останаа без визи.