Connect with us

Кошарка

Србија добива нов селектор: Светислав Пешиќ ќе ја води кошаркарската репрезентација

Кошаркарската репрезентација на Србија ќе добие нов селектор по неуспехот во квалификациите за Летните Олимписки Игри. Светислав Пешиќ ќе биде новиот селектор на српската кошаркарска репрезентација. Србија не се пласираше на Олимписките игри во Токио, а по финалето на квалификацискиот турнир во Белград и поразот од Италија, веќе се шпекулираше за заминување на Игор Кокошков и кандидатите за нов селектор.

Како што објави „Блиц“, веќе е донесена одлуката во кошаркарскиот сојуз на Србија за враќање на Пешиќ на селекторската функција, а за легендарниот кормилар кој е без работа во моментов после заминувањето од Барселона, се враќа да биде селектор после две децении.

Пешиќ се искачи на светскиот престол со Југославија во 2002 година, а сега ќе има полни раце работа со Србија, со оглед на тоа што „орлите“ ги очекуваат квалификациите за Светското првенство.

Пешиќ последен пат работеше во Барселона, а ги водеше и Баерн Минхен, Црвена Звезда, Лотоматика, Динамо Москва… Има титула во Евролигата со Барселона во 2003 година и уште бројни признанија зад своето име и како играч и како тренер.