Кошарка
Србија му врачи отказ на Кокошков откако доживеа неуспех во квалификациите
Игор Кокошков не е повеќе селектор на кошаркарскиот тим на Србија. Ова доаѓа откако оваа селекција доживеа неуспех во квалификациите за СП.
„КСС му посакува на Игор многу среќа и успех во понатамошниот дел од кариерата. Сојузот во наредниот период ќе ангажира нов селектор за што јавноста ќе биде навремено известена“, стои во соопштението од сојзуот.