Connect with us

Фудбал

Србија повторно поразена – Швајцарија и Бразил последните патнивци во осминафиналето на СП

Швајцарија ја совлада Србија со 3:2 и се пласира во осминафиналето на Светското првенство.

Се играше отворено на двете страни. Србија и Швајцарија го одиграа најефикасното прво полувреме на Мундијалот во Катар (2:2).

Резултатот го ортвори Шакири кој во 20. минута од натпреварот му донесе водство на Швајцарија од 1:0.

Потоа Србија ја презеде иницијативата и тргна со сите сили кон гоплот на Швајцарија. Конечно во 26. минута од натпреварот Митровиќ на асистенција на Тадиќ, прекрасно со глава ја затресе мрежата на Швсајцарија го изедначи резултатот на 1:1.

Одличната игра која ја прикажа Србија по примениот гол ја круниса Влаховиќ, кој во 35. минута од натпреварот му донесе водство на Србија од 2:1.

Пред самиот крај на првото полувреме, односно во 44. минута од натпшреварот, Емболо ја затресе мрежаста на Србија и го изедначува резултатот на 2:2.

На самиот почеток на второто полувреме, Швајцарија повторно во водство. Во 48. минута Фреулер му носи водство на својата репрезентација од 3:2.

Србија се обиде на секој можен начин да ја затресе мрежата на Швајцарија, но едноставно популарниот Пикси немаше решение за одличната одбрана на противникот.

На другиот натпревар кој започна во 20 часот, Камерун го совлада Бразил со 1:0. Абубакар во 92. минута од натпреварот го постигна победничкиот гол за својата репрезентација.