Connect with us

Фудбал

Србинот направи инцидент во Саудиска Арабија, со глава удри противнички фудбалер (ВИДЕО)

Голем инцидент во Саудиска Арабија, а во главна улога српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој удри противнички фудбалер со глава.

Инцидентот се случи при резултат 3:0 за Ал Хилал. Милинковиќ-Савиќ побара прекршок во противничкиот шеснаесетник, односно пенал, па кога не го доби, бурно протестираше. Тоа не му се допадна на стоперот на домаќинот на Умар Гонзалес, кој му се фрли во лице на српскиот фудбалер, а Сергеј му возврати со удар со глава. Во истата секунда, Умар театрално падна на тревата, а судијата му покажа црвен картон на Милинковиќ Савиќ.

Advertisement