Други спортови
Србите протестираат по улиците на Мелбурн и играат оро: Затворениот Ѓоковиќ ги поздравува (ВИДЕО)
Австралиските власти одлучија да го депортираат Новак Ѓоковиќ бидејќи неговата виза за влез во земјата не била во согласност со прописите.
По пристигнувањето во Мелбурн, Ѓоковиќ веднаш заврши во притвор бидејќи неговата виза не содржеше лекарско ослободување одобрено од организаторите на турнирот.
Размислувањата на австралиските власти што да прават траеја цел ден, а на крајот беше одлучено Ѓоковиќ да биде депортиран од земјата и да не игра на Австралија опен.
Српскиот тенисер потоа бил сместен во хотел каде чекал да биде депортиран. Пред тоа ќе има сослушување и во Федералниот суд во Мелбурн.
"Les règles sont les règles": l'Australie demande à Novak Djokovic de quitter le territoire pic.twitter.com/OQOWvfQ7gQ
— BFMTV (@BFMTV) January 6, 2022
Сите настани ја подигнаја реакцијата на српското население во Мелбурн, кое пристигна пред хотелот за да му даде поддршка на популарниот Нолет.
Облечени во препознатливи црти на Србија, некои играа оро, некои се молеа, додека некои подготвија транспаренти.
Djokovic supporters are now dancing outside the Park Hotel. pic.twitter.com/lfsR40DeFC
— Cait Kelly (@cait__kelly) January 6, 2022
Ѓоковиќ сето тоа го гледал од хотелската соба и им мавнал на сонародниците кои се далеку од татковината.
Инаку, причината поради која Ѓоковиќ ќе остане втор ден во Мелбурн и ќе заврши на рочиштето е тоа што поднел жалба на одлуката да му биде одбиена визата.