Connect with us

Фудбал

Среќен сум што Нејмар се повреди, не можам повеќе да го гледам-Бура во Франција, светскиот првак удри по Бразилецот

ПСЖ е во големи проблеми- во Минхен ќе мора да ја надополни негативата од еден гол и да го елиминира Баерн од овогодинешното издание на Лигата на шампионите, но таму ќе оди без Нејмар, кој нема да игра до крајот на сезоната. Повредата на Бразилецот е потешка од очекуваното, па еден од најдобрите играчи во светот нема да може да му помогне на тимот до крајот на сезоната.

Тоа е катастрофална вест за навивачите на тимот од Париз. Се надеваа дека Нејмар може да биде клучниот човек во кампањата да го освои пехарот во елитното европско натпреварување и сега се разочарани, но нивното мислење не го дели поранешниот репрезентативец на Франција, Кристоф Дугари. Членот на една од нивните најдобри генерации, тврди дека повредата на Нејмар е добра вест за клубот!

„Среќен сум што Нејмар се повреди! Ова го гледам како неверојатна шанса за Кристоф Галтие, во одреден момент би морал да покаже храброст и да го пресели Нејмар на клупата, бидејќи тоа би било единственото решение. Причината: тимот е избалансиран кога има пет зад топката и двајца напаѓачи како Мбапе и Меси“, изјави Кристоф Дугари.