Фудбал
Среќни вести! Македонија службено ќе се пласира во футсал квалификациите за ЕП
Англиската фудбалска асоцијација нема да гостува во Скопје за бараж натпреварите за пласман на главните квалификации во борбата за Европското првенство (ЕП), кои беа закажани за 8 и 9 ноември.
Поради влошената здравствена состојба во Англија, издадена е забрана за патување.
„За нас е важно да се пласираме во главната фаза на квалификациите за ЕП и пред да ја добиеме информацијата од англиската асоцијација. Сакавме да победиме на терен, но ова е време во кое не може да знаеме што ќе се случи утре. Очекуваме одлука од УЕФА, по што ќе размислуваме за идните натпревари“, кажа селекторот Васко Скендеровски.
Ако УЕФА ја потврди одлуката, тогаш Македонија ќе биде во група со Романија, Србија и БиХ.