Connect with us

Тајмаут

Српска кошаркарка со шокантни откритија: Ме донесоа во клубот затоа што сакаше се*с со мене

Српската кошаркарка Милица Дабовиќ со шокантни признанија и откритија за работи кои се случиле во текот на нејзината кариера. Таа подготвува книга, во која како што вели се ќе напише и открие. Дали мислеше и на имиња, не потврдува, но сепак доколку го стори тоа, книгата веројатно ќе предизвика мал „земјотрес“ во светот на кошарката.

Дабовиќ вели дека многу често и нуделе пари за една вечер. Не сака да зборува за сумата, ниту имињата, тоа го најавува за нејзината книга. Ова се случило во времето кога играла во Турција, а како што вели грчки клуб ја ангажирал, само затоа што претседателот на клубот сакал да има се*с со неа.

– Кога тоа не се случи, ме избркаа после три месеци. Без да ме платат. Среќна сум што никогаш не ги раширив нозете, дури ни кога заработував 20.000 евра месечно, дури ни кога немав динар. Секогаш има избор, јас тоа не го правев досега, зошто би започнала сега?, вели Дабовиќ за српскиот магазин „Ало“.

Не ги открива имињата на клубовите, но сепак тоа е лесно да се претпостави. Турскиот клуб е Бешикташ, играше таму една сезона од 2008/2009. А грчкиот клуб е Палео Фалиро-Гречео“, каде замина во 2009-та година.

За време на својот претстој во Бешикташ, убавата српска кошаркарка се фотографираше гола за еден магазин, а поради тоа доби отказ од тимот. Сепак, спорот го доби на суд.