Connect with us

Други спортови

Српски политичар „распука“ по Новак: „Па магарето не е вакцинирано“

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја напушти Австралија и во наредните часови ќе биде депортиран во Србија.

Ѓоковиќ беше изолиран во Мелбурн на аеродромот од 13:30 часот, за нешто по 22:00 часот да дознае дека мора да се врати во Србија, па нема да има можност да настапи на Австралија опен.

Останува првиот рекет во светот кој се жали, но постојат сите шанси да го гледаме во борбата за 21. Грен слем титула.

За целата ситуација се огласи и српскиот политичар Ненад Чанак, пратеник во Народното собрание на Република Србија и претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина.

„Ужасен третман на Србин !!! Кон Србин !! Па, јебига, не е ужасен третман затоа што е Србин, туку затоа што магарето не било вакцинирано“, напиша Чанак на Твитер.

Тој потоа напиша во друга објава на Твитер дека секој што не е вакциниран против Ковид-19 е неодговорна и себична личност, освен оние кои имаат медицински оправдана причина да го прават тоа.