Connect with us

Други спортови

Српските одбојкарки се пласираа во финалето на Светското првенство

Српскиот национален тим се квалификуваше за финалето на Светското женско првенство во одбојка.

Србинките ја победија Холандија со 3:1 (25:22, 26:28, 25:19, 25:23) и утре ќе играат за титулата против победникот од натпреварот меѓу Италија и олимпискиот шампион Кина.

Дуелот беше повторување на финалето на Европското првенство пред една година, кога Србинките исто така победија со 3:1.

Тијана Бошковиќ реализира 29 поени за Србија, додека Лонеке Слојтерс постигна 23 поени за „портокаловите“.

Дуелот помеѓу Италија и Кина се игра подоцна денеска.