Фудбал
Стадо овци поклон за неговиот татко од првата плата во Премиер лигата
Младиот сенегалски напаѓач Исмаил Сар (22) игра солидна прва сезона во англискиот Вотфорд.
Засилувањето вредно 30 милиони евра од Рен имаше слаб старт на сезоната, но во последно време игра се подобро и подобро, па успеа да постигне три гола и три асистенции.
Сар доби богат договор во Премиер лигата, но парите не го променија. Голем дел од парите одат кај неговиот татко во Сенегал, кому му купил стадо овци.
„Кога го потпишав договорот, веднаш му купив на татко ми стадо овци. Татко ми е земјоделец и сега доби подобра раса на овци. Голем дел давам на моето семејство“, рече Сар.
Ментор на овој млад фудбалер е Садио Мане. Тие имаат навистина одлични односи и често неговиот сонародник му дава совети.
Исто како и Сар, Мане е исто така многу скромен човек и не троши пари на бескорисни работи.