Други спортови
Стаменковски со два златни медали во украинската Одеса
Пауерлифтерот Бошко Стаменковски успешно се враќа од Одеса каде викендов учествуваше на Меѓународното отворено првенство во пауерлифтинг.
Златото Стаменковски од Македонска Каменица на натпреварувањето во Украина го освои во дисциплината бенч и мулти бенч, а како што соопшти самиот, тој е прогласен и за најдобар мулти-бенчер.
– Првите места ги освоив во категоријата за натпреварувачи до 75 килограми, каде бев најдобар во дисциплините Бенч и Мултибенч. Како резултат на овој успех ја добив и наградата за најдобар мултибенчер – истакна Стаменковски.
https://www.facebook.com/bosko.stamenkovski.3/posts/2597707126915542
Извор: Слободен печат