Фудбал
Станковиќ најде засилување за стручниот штаб во Италија
Тренерот на Црвена Звезда Дејан Станковиќ реши да го засили својот стручен кадар.
Станковиќ очигледно ужива во довербата на лидерот на клубот, па го договори пристигнувањето на италијанскиот тренер на голманите Пјерлуиџи Бривиа.
Во својата голманска кариера, Бривиа бранеше, меѓу другите, за Аталанта, Виченца, Наполи, Џенова, Пескара …, а како тренер на голмани работеше и во академијата на Интер во Милано.
„Со доаѓањето на Бривиа, стручниот персонал е комплетиран и веруваме дека ќе продолжиме со нашата успешна работа“, посочија од Црвена звезда.
Како што е веќе познато, првенството во Србија ќе продолжи, а Звезда е на чекор од освојувањето на титулата шампион.
Шампионатот продолжува на 30 мај, а ќе се игра во скратен формат до крајот.