Поврзи се

Фудбал

Станојовиќ: „Ќе ни недостасуваат влијателните Елмас, Чурлинов и Митровски, но се надевам дека со силна желба и борбеност останатите ќе го надополнат нивното отсуство“

Македонската репрезентација до 19 години на 27. февруари и 01. март ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Финска до 19 години.

За двата натпревари кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Станојковиќ нема да смета на Елиф Елмас, Димитар Митровски и Дарко Чурлинов, тројцата поради клупски обврски нема да бидат дел од составот за натпреварите против Финска.

Два многу значајни натпревари за нашата репрезентација спроти квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство. Финска е исклучително силна репрезентација и мораме да бидеме на вистинско ниво доколку сакаме позитивен резултат. Јасно е дека ќе ни недостасуваат влијателните Елмас, Чурлинов и Митровски, но се надевам дека со силна желба и борбеност останатите ќе го надополнат нивното отсуство, изјави селекторот Станојковиќ.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал