Други спортови
Старт од соништата за Словенија на Зимските олимписки игри
Словенија имаше старт од соништата на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Во скијачки скокови за девојки Словенија освои два медали на првиот ден од Игрите.
Усра Боготај го освои златото, додека Ника Кризнар го освои бронзениот медал на малиот скок во височина од 90 метри.
Среброто и припадна на Катарина Алтхаус од Германија.
Словенија може да го зголеми овој биланс во скијачките скокови бидејќи утре за медали се борат и мажите на истата скокалница, а словенечки надежи ќе бидат Анже Ланишек и Ловро Кос, а не треба да се отпишуваат ниту браќата Превц.
Судејќи по стартот, ова може да бидат најуспешните Зимски олимписки игри за Словенија од нејзината независност.