Connect with us

Кошарка

Стартува кошаркарската сезона – Работнички го пречекува МЗТ Скопје во „Градски Парк“

Викендов во спортските сали ширум земјата ќе стартува новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Дербито меѓу Вардар и Црн Дрим ќе го означи стартот

Отворањето на првенството ќе биде утре, а први за топката ќе скокаат центрите на Вардар и Црн Дрим во салата на „КК Вардар“ од 17:00 часот. Се очекува овие две екипи да водат битка за опстанок бидејќи се најмладите во Првата лига.

Кожув и Пелистер ќе се пресметаат во „26 април“ во Гевгелија, меч кој се игра во 17:30 часот. Половина час подоцна ќе се одиграат два дуели во Скопје, каде Академија ФМП во салата „Независна Македонија“ ќе го дочека еден од фаворитите за висок пласман Гостивар, а дебитантот ТФТ на „Кале“ ќе игра против Куманово.

В недела во „Градски Парк“, Работнички ќе го дочека МЗТ Скопје во „вечното дерби“ со почеток од 18:00 часот и уште во првото коло може да биде познато во кој тек би се движела сезоната.