Фудбал
Статистика: Меси е скоро три пати подобар од кој било друг играч
Тешко е да се спореди Лионел Меси со другите играчи во светскиот фудбал, но неодамнешната студија за ЕСПН тврди дека Аргентинецот е најмалку три пати подобар во статистиката од кој било друг играч.
Многу навивачи го сметаат Лионел Меси за најдобар играч на сите времиња поради неговите настапи со Барселона, за кого има постигнато 672 голови и освои 34 трофеи.
И покрај критичарите кои се расправаат за неуспесите на играчот со репрезентацијата на Аргентина, капитенот на Барселона исто така освои многу индивидуални награди низ годините за неговите настапи на теренот.
Користејќи ги податоците на „TruMedia“ за сите натпревари на домашен терен од сезоната 2014/15 година, наодите ја покажуваат разликата помеѓу Меси и неговите колеги. Студијата на ЕСПН вклучува статистика за тоа дали шутот на Меси се очекува да заврши со гол.
Десетката на Барселона исто така има постигнато 21 гол од слободни шутирања од 2014 година, никој друг не постигнал повеќе од 11. Покрај тоа, Меси е значително подобар во ударите од далечина, постигнувајќи 16 вакви голови.
Меси е подобар од неговите колеги дури и во однос на создавање добри акции. 32-годишникот има креирано повеќе од 300 клучни акции од 2014 година, додека второпласираниот на статистика е со 173.
Аргентинецот води во асистенции и е втор по дриблинг. Се на се, Меси има 177 голови од 2014 година, што е 19 повеќе од неговиот стар ривал, Кристијано Роналдо.
„Колку е добар Меси? Речиси три пати подобро од кој било друг“, заклучува неговата студија за ЕСПН.