Поврзи се

Други спортови

Ставре Јада: „Тука не е крајот-Одиме понатаму“

Знаменосецот на македонскиот олимписки тим, Ставре Јада денеска се појави на патеката Крос кантри на 15 километри и Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ги заврши со нешто подобар резултат. Јада патеката ја мина за 42:14.2 минути и го освои 99. место во конкуренција од 119 нордијци.

Златниот медал го освои Швајцарецот Дарио Колоња со време од 33:43.9 минути. Второто место му припадна на Симен Кругер од Норвешка кој заостана 18,3 секунди, додека бронзата ја освои Русинот Денис Спицов.

ФОТО

loading...

Повеќе од Други спортови