Connect with us

Фудбал

Стерлинг доби дозвола да оди во супермаркетот, но неговиот потег предизвика лутина во јавноста

Пандемијата на коронавирус создаде тотално нарушување во светот на спортот.

Речиси сите лиги во Европа се прекинати поради пандемијата и сè уште не е познато кога натпреварите ќе продолжат.

Повеќето клубови престанаа да тренираат и ги испратија своите фудбалери во домашна изолација. Ова важи и за клубовите во Англија каде е донесено решение дека Премиер лигата сигурно нема да се игра до 30 април.

Играчите се во изолација и им се советува да не ги напуштат своите домови. Но, играчот на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг беше принуден да ја напушти куќата и да оди во супермаркетот за намирници.

Но не „избега“ од фоторепортерите, по што Стерлинг објави дека добил дозвола од клубот да ја напушти домашната изолација. Сепак, многумина му замерија што немаше заштита, односно нараквици и маската за лице.