Поврзи се со нас

Фудбал

Стерлинг му донесе победа на Манчестер сити над Арсенал

Манчестер, 17 октомври 2020 (МИА) – Манчестер сити вечерва го победи Арсенал со 1:0 во 5. коло од англискиот фудбалски шампионат.

Единствениот гол на „Етихад“ го постигна Рахим Стерлинг во 23. минута.

По четири одиграни средби Манчестер сити има седум бода и се наоѓа на 10. место, додека Арсенал со девет бода и натпревар повеќе е на 5. позиција. зс/

Advertisement