Фудбал
Стерлинг: Не сакав да губам време на клупата на Манчестер Сити
Напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг објасни зошто решил да го напушти Манчестер Сити на лето и да потпише за тимот предводен од менаџерот Томас Тухел.
Стерлинг призна дека чувствувал дека го троши своето време поминувајќи значителна сума на натпревари на клупата на Граѓаните и дека трансферот бил единствената опција за него. Фудбалерот веќе дебитираше за Челзи во победата од 1-0 над Евертон во првото коло од Премиер лигата.
„Трансферот се случи затоа што мојата минутажа стануваше доста ограничена и не можев да си го дозволам тоа. Затоа ја искористив шансата да се префрлам во друг тим. Се обидов да се борам и да ја сменам ситуацијата, но не успеав“, објасни Рахим Стерлинг.
Трансферот не го сфаќа како чекор назад во кариерата. „Челзи играше четири или пет финалиња во последните години. Ова покажува дека тие се конкурентни и се развиваат, па мојот избор имаше смисла. Го оценувам мојот настап според тоа колку сум ефикасен за тимот. На средбата со Евертон играв како лажна деветка и сакав да му помогнам на тимот. Веќе имам 27 години и ги знам моите можности, знам што можам да придонесам за тимот и нема да прифатам ништо помалку“, додаде Стерлинг.