Connect with us

Фудбал

Стерлинг: Не зборувајте со мене за тие двајца

На некои играчи им се допаѓаат споредбите, на некои не. Ѕвездата на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг е во втората категорија. Тој е меѓу триесетте кандидати за златната топка, а Чави неодамна изјави дека Стерлинг е играчот кој најверојатно ќе го заземе местото на Меси и Кристијано Роналдо.

Сепак, Англичанецот воопшто не е задоволен од ова.

“Играч како Меси се раѓа само еднаш. Ако јас би постигнал 50 или 60 гола во сезона за 15 години, тогаш би можеле да зборуваме за тоа. Засега, не зборувам за Роналдо и Меси”, рече Стерлинг во интервју за „Four Four Two“.  

Сепак, напаѓачот на Гвардиола има само 24 години и се уште има многу можности да се подобри.

“Тоа е долг процес, но јас растем и сакам мојата статистика да се подобри со мене, од година во година. Ако после 10 или 15 години сум сè уште на ова нивоа, тогаш повторно можеме да зборуваме на ова прашање“.