Connect with us

Фудбал

Стерлинг позира со дресот на Реал: „Тоа е фантастичен клуб“

Англискиот напаѓач Рахем Стерлинг кажа само пофални зборови за Реал Мадрид.

Во интервју за шпански „АС“, Стерлинг позираше со дресот на Реал, но постојано инсистираше на тоа дека во моментов е многу среќен во Манчестер Сити.

„Дали се гледам како дел од Реал? Тоа е една од работите … но сега јас сум играч на Сити и многу сум среќен, но можам да кажам дека Реал е фантастичен клуб“, рече Стерлинг додавајќи:

„Кога ќе го погледнете тој бел дрес, знаете веднаш кој клуб е, но јас повторувам дека имам договор со Сити и дека треба да го почитувам. Но, Реал е фантастичен без дилема“.

Англичанецот го пофали и тренерот Зинедин Зидан, велејќи дека освојувањето на Лигата на шампионите од година во година не е само среќа, тоа е формула.