Connect with us

Фудбал

Стерлинг сега може да се смета за играч на Челзи

Рахим Стерлинг сега може да се смета за играч на Челзи . Англискиот репрезентативец вчера ги помина медицинските прегледи во Лондон, го потпиша својот договор, а потоа вечерта одлета за Лос Анџелес за да им се придружи на своите нови соиграчи. Договорот на крилниот напаѓач е до јуни 2027 година со опција за продолжување на дополнителни 12 месеци. Манчестер Сити за Стерлинг ќе добие 47,5 милиони фунти, кои со бонуси може да се зголемат на 50 милиони. Самиот играч ќе добива 300.000 фунти неделно на Стемфорд Бриџ.

Трансферот се очекува официјално да биде објавен денеска.

Стерлинг најверојатно ќе дебитира за својот нов тим или следниот четврток против Шарлот или следната сабота кога Челзи ќе го пречека Арсенал во Купот на Флорида.

Стерлинг ќе биде првото засилување за новиот сопственик Тод Боели. Се очекува клубот многу брзо да го финализира потписот на Калиду Кулибали и Неј