Фудбал
Стигнаа резултатите: Тестиран и Алесандро Флоренци
Валенсија вчера соопшти дека 35 проценти од тимот се позитивни на коронавирусот.
Ова се однесува на фудбалерите кои отпатуваа во првиот натпревар од осмина финалето од Лигата на шампионите во Милано против Аталанта, а тестирани се и оние кои не беа вклучени во составот, вклучувајќи го и Алесандро Флоренци.
Италијанските медиуми објавија дека Флоренци, во меѓувреме, ги дознал резултатите и, за среќа, не бил заразен со коронавирусот. Сепак, тој сè уште ќе треба да биде во изолација некое време и на безбедно растојание од неговата сопруга и ќерка.
„Со оглед на здравствената опасност со која се соочува Италија, на мојот роденден, ве молам, помогнете им на оние што даваат се од себе“, напиша Флоренци на 11 март, јавува „Кориере дело Спорт“.
Клубот од Местаља претходно потврди дека Езекиел Гарај, Хозе Гаја и Елиагуим Мангала се позитивни на коронавирусот.