Connect with us

Ракомет

Стоилов: Концентрацијата беше на ниско нив, имавме многу падови во играта

Македонија не успеа да обезбеди пласман во следната фаза од ЕП2020. Нашата репрезентација претрпи тежок пораз од Австрија со 32:28.

Според Стојанче Стоилов, ниското ниво на концентрација и многубројните падови во играта на нашата репрезентација придонесоа за ваквиот резултат на натпреварот.

„Незнам што да кажам. Концентрацијата беше на ниско нив,  имавме многу падови во играта. Недозволиво е на вакво натпреварување да се случуваат такви грешки. Вината е кај нас играчите. Недостигаше концентрација, секој по една грешка ако направи и натпреварот е загубен“, кажа Стоилов.