Connect with us

Други спортови

Стојановска и Главевски победници во Топ 8 натпреварите во пинг-понг категорија У19

Во Крушево изминатиот викенд се одиграа Топ 8 натпревари во пинг-понг во категорија помлади од 19 години во машка и женска конкуренција.

Во женска конкуренција пласманот на најдобрите три е:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка, Крива Паланка
2. Катерина Лаура Михајлов – ППК Телеком Нец 2, Скопје
3. Изабела Ковачовска – ППК Зегин Берово, Берово

Најдобри во машка конкуренција:
1. Даниел Главевски Зхоу – ППК Пелагонија, Битола
2. Нико Доага – ППК Крушево, Крушево
3. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа, Штип

По комплетирањето на сите натпревари во оваа конкуренција У19 за сезона 2021/22 кај машките на табелата прв остана Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, додека Стојановска е прва и со голема предност кај девојките.