Кошарка
Стојановски одличен, Данкерк до победа во купот на Франција
Кошаркарите на Гравелин Данкерк стигнаа до првата официјална победа во новата натпреварувачка сезона, и тоа во Купот на Франција. Во првото елиминациско коло Војдан Стојановски и соиграчите беа подобри од членот на ПРО Б лигата, екипата на Гри Оберхофен (85:77).
Гостите од Данкерк имаа контрола на играта и над резултатот во целиот тек на играта, а нашиот репрезентативен капитен беше еден од најдобрите на теренот.
Воедно имаше и четири скока и една асистенција, по една украдена и загубена топка. Поефикасни стрелци од нашиот играч беа само Хортон и Бурхис со по 16 поени.