Connect with us

Фудбал

Стојкоски ја продолжува соработката со Македонија ЃП

Македонија ЃП денеска објави дека ја продолжува соработката со Кристијан Стојкоски. Кристијан Стојкоски беше претставен како трето зимско засилување за екипата на Македонија Ѓорче Петров.

„Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така да лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за да и следната сезона биде успешна за мене и Ѓорче“, кажа Стојкоски.

За потсетување клубот од Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија и ова лето ќе не претставува во Европа.