Connect with us

Тајмаут

Стоперот на Реал Мадрид ја покажа новата девојка – бившата веднаш се јави: Убавиците во „војна“ за Бразилецот, една од нив го однесе на суд (ФОТО)

Сега Едер Милитао и официјално има нова девојка. Стоперот на Реал Мадрид ги шокираше сите со одлуката да ја напушти бразилската инфлуенсерка Каролина Лима кога таа беше во деветтиот месец од бременоста, а по расправијата и судењето со жената која го роди неговото дете, сега се впушти во нова емотивна врска. Дефанзивецот на „кралскиот клуб“ се сликаше со тиктокерката и студентка Касија Лоренцо и официјално објави дека е во врска со неа. На две слики се гледаат како се гушкаат и се бакнуваат. Секако, ниту ова не можеше да биде без драма.

Штом излегоа сликите на Касија и Едер, се огласи Каролина Лима. Таа објави три слики на кои носи маица на која пишува: „Мојот поранешен е мојот најголем обожавател“. Погледнете како изгледа новата девојка на Едер Милитао, Касија Лоренцо:

Лима го тужеше Милитао и бараше огромна алиментација од него и тој судски спор се уште е во тек. „Тој не е со мене, тој се забавува во најдобрите ноќни клубови во Мајами“, напишала Лима на Инстаграм додека била бремена, што на крајот предизвикало нивно раскинување, а подоцна и тужба. Погледнете