Други спортови
Страшен пад на ски скоковите во Планица, среќа е што е жив (ВИДЕО)
На самиот крај од сезоната на ски скокови, на Планица видовме вистинска драма! На најголемата скокалница во светот, пред тренинг, младиот локален ски-скокач Тај Екарт се обиде на скокалницата и доживеа страшен пад!
Само што скокнал се видело дека нешто не е во ред, веднаш се нашол во неволја и изгубил рамнотежа! Се виде дека се обидува да ја врати контролата над скиите во воздухот, но ништо не испадна од тоа! Тој продолжи да биде во лоша позиција, а кога слета имаше силен пад.
Екарт при падот ги повреди грбот, рацете и нозете, но селекторот на словенечката репрезентација сепак изјави дека повредите не се сериозни и дека Екарт ќе се опорави!