Connect with us

Фудбал

Страшна повреда на германски фудбалер, коската речиси излезе преку чорапата (ФОТО)

Реми без голови одиграа Ајнтрахт Франкфурт и Гројтер Фурт.

Навивачите кои го следеа натпреварот беа сведоци на страшна ситуација. Во еден дуел беа Марко Мајерхофер од гостите и Јенс Петер Хауге од Ајнтрахт. Дуелот заврши драматично за првиот. Хауге незгодно падна на ногата на противникот, а неколку моменти подоцна фановите на ТВ можеа да видат вознемирувачка слика – глуждот на играчот беше свиткан на сосема неприроден начин.

Целата телесна тежина на Хауге падна на ногата на Мејерхофер, поради што неговото колено се свитка. Но, уште пострашен беше скочниот зглоб на Мејерхофер, изместен така што неговата коска се скрши и се гледаше низ чорапот на дефанзивецот.

Што е уште полошо, според германски „Билд“, за целата ситуација сведочело семејството Мејерхофер. Неговата сопруга и родителите биле на стадионот. Мејерхофер веднаш бил префрлен во болница, каде бил опериран и ја поминал ноќта.