Connect with us

Фудбал

Страшни последици за Погба. Јувентус го изолира, му ја зеде речиси целата годишна плата

Пол Погба се соочува со суспензија од две до четири години доколку истрагата го прогласи за виновен откако беше позитивен на допинг Б примерок, кој покажа прекумерно ниво на тестостерон. Но и до пресудата ќе мора да се соочи со тешки последици.

Францускиот L’Equipe пишува дека Јувентус решил речиси целосно да му ја замрзне платата. Погба има договор од осум милиони евра годишно, но торинскиот клуб ќе му плаќа само 42.000, односно 3.500 евра месечно. Покрај тоа, Јувентус му забрани на Погба пристап до терените за тренинзи, па дури и контакт со вработените во клубот, според L’Equipe.

Погба оваа сезона одигра само 51 минута како замена на натпреварите против Емполи и Болоња. Целата минатата сезона одигра 108 минути во шест првенствени настапи, заедно со уште неколку настапи во Купот и Лига Европа.

Откако пред една година се врати во Јувентус како слободен играч, повредите го спречија да му помогне на клубот и да настапи на Светското првенство во Катар, а сега тука е и проблемот со допингот. Неговиот менаџер Рафаела Пименто рече: „Она што е сигурно е дека Пол Погба не сакаше да прекрши никакви правила“.