Connect with us

Други спортови

Страшни сцени на Австралија Опен: Натпреварувачката во инвалидска количка го напушта теренот

Третиот ден од Австралија опен ни понуди сцени кои не сакаме да ги гледаме на спортските терени.

Дуелот од второто коло со тенисерките помеѓу Харомни Тан и Елине Свитолина беше прекинат во третиот сет со водство на Свитолина од 1:5.

Имено, Тан имаше проблеми со ногата во текот на мечот, но не се предаде.

Во третиот сет болката стануваше посилна, што Свитолина го искористи за да поведе со 1:5, иако во тој момент не беше среќна што мораше на таков начин да ја совлада противничката.

Сепак, одлуката на тенисерката од Франција беше да го заврши мечот и покрај силните болки, но не успеа во таа намера и се откажа од играта пред крајот бидејќи едноставно повеќе не можеше да стои на нозе.

По брзата медицинска интервенција, Тан го напушти теренот во инвалидска количка со крајно болна гримаса на лицето.

По деталните прегледи ќе се утврди степенот на повредата.

Тан е 107-та тенисерка во светот и до повредата пружи одличен отпор на 17-та светска тенисерка Елина Свитолина, за што сведочи и резултатот во сетови 1:1 (3:6, 7:5) пред фаталната трета. сет за Французинката.