Connect with us

Други спортови

Страшни вести од Tурција! Во урнатините пронајдени телата на 16 млади одбојкари

Страшните земјотреси во Турција и Сирија однесоа над 20.000 животи, а за жал вестите се полоши и полоши. Во денешното обраќање до јавноста, премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините се пронајдени тела на дури 16 лица од училишната одбојкарска репрезентација од оваа островска земја. Тие престојувале во хотелот „Исијас“ на булеварот Адијаман Ататурк, а при земјотресот целата зграда се урнала и за жал немало спас за младите спортисти.

Машките и женските екипи на колеџот „Фамагуста“ престојувале во споменатиот хотел во кој во експедицијата имало 39 членови, но за жал голем дел од нив го загубиле животот.