Connect with us

Фудбал

Страшно, ова само во Македонија го има, судија во детска фудбалска лига завршил во болница откако родител и членови на стручен штаб го истепале

Фото архива

Во Македонија и тоа се случува, сериозни инциденти на детски спортски натпревари. Овојпат дебелиот крај го извлече судијата Горан Милошевски кој бил претепан од родител и членови на стручниот штаб на Шкендија, пренесува порталот МКД.мк

Судијата Милошевски бил пренесен во болница, а извесно време се чекало некој да го замени за натпреварите да продолжат.

Според очевидец, на почетокот од турнирот немало полиција, таа пристигнала откако премиерот Ковачевски дошол да си го гледа својот малолтен син.

„На завршниот турнир на детската лига на комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ беше нападнат судијата од страна на родител на деца од тимот на ФК Шкендија и дел од тренерите на овој тим. На судијата му беа нанесени тешки телесни повреди, по што се доведе до прашање доигрувањето на другите екипи бидејќи судијата не можеше да суди, па беше заменет од делегат од ФФМ. Страшно е тоа што децата од спортивниот тим видно исплашени бегаа од теренот. Полицијата дојде дури 30 минути покасно“, изјави за МКД.мк родител, очевидец на настанот.