Connect with us

Фудбал

Страшно убиство во Шпанија, 24-годишен фудбалер избоден до смрт

Младиот фудбалер Франциско Џеј Навал Перез е избоден до смрт во Шпанија, а полицијата верува дека се работи за напад со предумисла. Осомничениот за убиството на 24-годишниот играч на шпанскиот нисколигаш Чипионе ЦФ е 20-годишен маж кој по немилиот инцидент е уапсен од полицијата.

Фудбалерот познат по прекарот „Пако“ почина во неделата во болница како последица од убодна рана во градниот кош при напад во Кадиз. Шпанската полиција тврди дека немало предумисла бидејќи нема врска меѓу напаѓачот и жртвата.