Connect with us

Тајмаут

Страсни бакнежи пред милиони, Ванда и Икарди ја запалија Аргентина, се смирија (ВИДЕО)

Сапуницата меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди никогаш не завршува! Еден од најпознатите аргентински парови долго време е во центарот на вниманието поради љубовни расправии бидејќи се скарале. Се зборуваше за неверство од двете страни, се покрена бракоразводна парница, а сега …

Повторно се видени заедно пред милионска публика! Ванда сега е домаќин на познатото шоу за готвење „Master Chef“ за аргентинскиот пазар, а Икарди се појави на едно од снимањата како специјален гостин.

Правам тестенини за цело семејство, утре сум „мајстор готвач““, напиша Ванда со слика на која е со нејзиниот (поранешен?) сопруг Мауро Икарди на социјалните мрежи, а потоа во епизодата од ова шоу видовме бакнеж меѓу нив двајца и солзи на Ванда!