Фудбал
Страв и трепет: Барселона би можела да има вистински тим од соништата (ФОТО)
Каталонскиот гигант Барселона подготвува големи работи во следниот трансфер период.
Актуелниот шампион на Шпанија е подготвен да донесе неколку засилувања, а тие се поврзуваат со Нејмар, Лаутаро Мартинез, Н’Голо Канте …
Каталонците прават се од себе за да ги стават овие играчи во редовите, а доколку успеат, тренерот Квик Сетиен ќе има вистински тим од соништата на теренот од следната сезона.
Се разбира, пристигнувањето на големите sвезди бара заминување на другите, а почетната постава на великаните од „Камп Ноу“ во наредната сезона би можела да изгледа навистина прекрасна.
