Connect with us

Фудбал

Стравот од коронавирусот посилен од се, Канте со услов до Челзи

Една од ѕвездите на англискиот тим Челзи, Канте испратил барање до клубот да му дозволат да продолжи да работи дома во изолација, бидејќи се плаши од зараза од коронавирус. Тој добил дозвола да не доаѓа во тренинг центарот, а постои можност дури и да го пропушти остатокот од сезоната.

Од Челзи порачале дека го разбираат Канте, пред се поради семејните случувања. Имено, неговиот татко и брат починале поради проблеми со срцето, а постои можност тоа да е наследно и дека и тој да го има истиот проблем. Поради ова ниту клубот не сака да ризикува.

Пред две години имаше драма во соблекувалната, кога Канте се струполил покрај соиграчите, но лекарите тогаш не утврдиле дека има проблеми со срцето.