Други спортови
Струмица и Куманово ги освоија трофеите во националниот одбојкарски куп
Екипата на Струмица е победник во одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција.
Струмичани денеска во финалето го победија домаќинот на турнирот Весна Пробиштип со 3:2.
Во женска конкуренција трофејот отиде кај екипата на Куманово.
Во финалниот меч, кумановчанки издвојуваа победа со 3:1 над екипата на Универзитет Тетово.