Connect with us

Фудбал

Суарез: Ако сакаат да си одам од Барселона, нека ми кажат лично

„Очигледно е дека тука би прифатил, како што тоа го правев секаде каде што играв низ кариерата. Конкуренцијата за место во тимот е секогаш добра и ако тренерот смета дека јас треба да почнам од клупата немам проблем да помагам во таа улога. Мислам дека имам уште многу да му дадам на овој тим. Постојат шпекулации за некои имиња кои ги наговести претседателот, но никој ми нема кажано дека сака да се ослободи од мене. Ако тоа е желба на клубот, би било фино доколку некој разговара со мене лично. Во Барселона сум шест години и тоа е доволно долго за некој да ми каже што размислува. Подобро е така отколку да се пуштаат шпекулации дека јас сум некој од кој сакаат да се ослободат. Да видиме. Јас во исто време го сакам најдоброто за клубот и мојата идеја е да продолжам тука, но ако клубот смета дека не сум потребен, немам никаков проблем да седнам и да разговарам со оние што ги носат одлуките“, аврши Уругваецот.