Фудбал
Суарез го покажа вистинското лице: Го навредуваше Симеоне како ниеден играч досега! (ВИДЕО)
Атлетико Мадрид се прости од титулата шампион на Шпанија, без да одигра ниту половина од сезоната во Ла Лига.
На незгодното гостување во Севиља, Атлетико го врза третиот лигашки пораз. Андалузијците славеа со 2:1. Окампос погоди во последните минути за триумф на домаќините.
Луис Саурез го започна натпреварот како стартер, но неговиот настап траеше неполн час бидејќи Диего Симеоне реши да го извади од игра во 58. минута.
Уругваецот излезе на гол-линијата, а на пат кон клупата се гледаше дека е многу лут што беше сменет.
Додека се движеше кон клупата, жестоко пцуеше, а беа изнесени и некои остри зборови кои веројатно ниту еден играч во неговата тренерска кариера досега не му ги кажал на Симеоне.
? ¡Luis Suárez EXPLOTA tras ser sustituido!
? "Pelotudo de m…, siempre igual"
?️ La cámara de @ElGolazoDeGol captó el monumental enfado del uruguayo
#⃣ #DirectoGol pic.twitter.com/NtfI4PuKDR
— Directo Gol (@DirectoGol) December 18, 2021
„Шупак еден, секогаш е исто“, се пцовките што Саураз ги упатил кон Симеоне, пренесуваат шпанските медиуми.
После тоа, одличниот голгетер седна на негово место, не се ни поздрави со тренерот и извесно време беше видно лут.
Инаку, искусниот Уругваец го минува најтешкиот период од неговото доаѓање во Атлетико Мадрид. На последните десет натпревари постигна само еден гол. Напредокот на Куња и проблемите со мускулите дополнително ја искомплицираа неговата ситуација.
Симоне е познат како тренер кој не трпи недисциплина, а секој инцидент или испад е строго казнет, па останува да видиме како ќе помине Ел Писторело.